Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2016

Бразил без Кака на Копа Америка

Бразилскиот фудбалер Кака е принуден поради повреда да се повлече од Копа Америка, кој ќе се игра од утре до 26-ти јуни, соопшти фудбалскиот сојуз на Бразил.

„Кака имаше повреда на мускул на тренинг. По прегледот со магнетна резонанца лекарите му препорачаа да мирува од 15 до 20 дена“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Бразил.
Кака (34) во репрезентацијата беше дополнително повикан како замена за Даглас Коста, а во тимот на Бразил ќе го замени фудбалерот на Сао Пауло, Хенрике Гансо.
Гансо нема играно за Бразил од пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина во 2012 година.
Репрезентацијата на Бразил на Копа Америка ќе игра во Групата Б со селекцијата на Еквадор, Хаити и Перу.

Најнови вести