Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2016

Историски пресврт на Вориорс за ново финале

Голден стејт вориорс се пласираше во финалето од НБА лигата каде повторно ќе се бори против Кливленд кавалирс и ќе ја брани титулата од минатата сезона.

Актуелниот шампион го совлада тимот на Оклахома Сити тандерс со 96:88 во седмиот натпревар во финалето на Западот и така направи пресврт на серијата од 1-3 на 4-3, што последен пат се има случено пред 35 години.
Гостинот водеше во „Оракл арената“ со 6 поени на полувремето, но домаќинот постигна шест тројки во третата четвртина и направи пресврт на +11 пред последната четвртина.
Дурант со серија од кошеви го врати Тандерс, но Кари со две тројки по ред стави крај на натпреварот.
Стефен Кари дуелот го заврши со 36 поени (7/12 за три), 8 скокови и 5 асистенции, додека јунакот на шестиот натпревар Клеј Томпсон додаде 21 поен (6/11 за три) со 5 скокови.
Дурант беше единствен на висината на задачата во Тандерс со 27 поени и 7 скокови, додека Расел Вестбрук додаде 19 пони, а не погоди 10 шутеви, но имаше 13 асистенции и 7 скокови.
„Морате да го цените тоа колку беше тешко да се вратиме во големото финале. Морате да го цените она што го постигнавме, а ние гледаме напред бидејќи сакаме уште победи“, изјави Кари. 
Новиот меч меѓу Вориорс и Кавалирс за шампионската титула во НБА ќе биде ноќта меѓу четврток и петок од 03:00 часот. 

Најнови вести