Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2011

Боатенг суспендиран на два натпревари

Џером Боатенг, дефанзивниот играч од средниот ред на Баерн, доби два натпревари суспензија поради црвениот картон што го доби во неделата, во натпреварот од десеттото коло на Бундеслигата на гости кај Хановер.

Хановер славеше со 2-1, а со тоа на Баерн му го нанесе вториот пораз оваа сезона во првенството. Баерн е лидер на табелата со 22 бода, три повеќе од бранителот на титулата, Борусија од Дортмунд.
Боатенг во 28-та минута од натпреварот во неделата поради физичка пресметка со Кристијан Шулц доби црвен картон. Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз го казни со забрана за настап на два натпревари.
Тоа значи дека Боатенг ќе ја пропушти домашната средба против Нирнберг во 11-тото коло на 29-ти октомври, а потоа и гостувањето кај Аугсбург.

Најнови вести