Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2018

Се по два - Талески два гола, за Рајн Некар два бода

Филип Талески се повеќе добива шанса да игра, денеска беше и во стартната постава на Рајн Некар во премиерниот меч од петтото коло во Лигата на шампионите

Филип Талески се повеќе ја добива довербата од Николај Јакобсен, а денеска беше и во почетната постава на Рајн Некар во победата од 36:27 против Кристијанштад.

Германците уверливо славеа во премиерниот меч од петтото коло во Лигата на шампионите, а Талески постигна два гола. За два бода на германскиот првак, кој сега во групата каде е и нашиот Вардар има шест бода, со три победи и два порази.

Талески ги постигна головите на самиот почеток на мечот, а Германците уште од самиот старт најавија дека ќе слават убедливо. Водеа со 10:4, на полувреме заминаа со предност од 4 голови, 18:14 и највисоката предност ја имаа во финишот, кога водеа со 33:23.

Радивоевиќ со 9 голови и Шмид со шест беа најефикасни на мечот и во домашниот табор, а Нилсен и Гудмундсон постигнаа по пет голови кај Кристијанштад.

Во недела Вардар ќе му биде гостин на Кјелце во меч од петтата рунда во истата А група.

Најнови вести