Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Сане го мина патот од проблематичен до одличен

Од резерва и незадоволен со статусот во Манчестер сити, одличното крило стаса до понуда за нов договор во својот клуб

Манчестер сити ќе му понуди продолжување на договорот на Лирој Сане и повисока плата, објавија англиските медиуми.

Од незадоволен со статусот во клубот, до позиција да му понудат подобар договор, е патот на одличниот Лирој Сане, за само неколку месеци во новата сезона.

Бунтовникот сега игра извонредно, па челниците на шампионот Манчестер Сити сакаат да го врзат за клубот подолго од 2021 година. Тогаш му истекува договорот на Сане, кој сега има неделна плата од околу 70 илјади евра. Се шпекулира дека понудата ќе биде над 100 илјади евра со новиот подобрен договор.

Најнови вести