Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Гвардиола се извини и објасни, Габриел уште се лути

Бразилецот уште се лути, но омекна по разговорот со тренерот

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жезус, е разочаран што не му беше дозволено да го изведе пеналот на гостувањето кај Ливерпул, а тренерот Пеп Гвардиола, призна дека погрешил што одлучил ударот од 11 метри да го изведе Ријад Марез, а не Жезус.

Марез имаше прилика во 85 минута да му донесе предност, веројатно и победа на својот тим на тоа дерби, но топката отиде високо над голот. Алжирецот има дури пет утки од последните осум пенали.

„Сакав да го шутнам пеналот, имав голема самодоверба. Не сум среќен што не ми дозволија јас да го изведам ударот. Разговарав со тренерот. И ова е дел од фудбалот, се случува. Ќе го поддржам Ријад и наредниот пат ако тренерот го избере него“ – изјави Жезус, кој промаши два од последните три пенали за Сити.

Пеналите за „граѓаните“ најчесто ги шутира Серхио Агеро, но тој не беше во игра во моментот на досудениот пенал против Ливерпул. Гвардиола рече дек Марез добро шутирал пенали на тренинзите, имал храброст, и затоа во моментот му делувал како добар избор. Идејата била силен шут по средината на голот, но топката отишла далеку погоре.

Најнови вести