Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2018

Азар гази во дресот на Челси, но уште сонува за Реал

Белгиецот со изјавите како да сака да седи на две столчиња

Белгиската суперѕвезда Еден Азар, повтори дека не знае каде ќе игра во следната сезона, и неговиот сон и понатаму е да игра за Реал Мадрид. Договорот на 27-годишниот Азар со Челси е до летото 2020 година.

Игрите на Азар сезонава во Премиерлигата се импресивни, тој е прв стрелец, неспорен лидер на лондонските „сини“ и најзаслужен што тимот на тренерот Сари е во редот на најсериозни кандидати за титулата.

„После успешното Светско првенство, реков дека мислам оти е време да промена на клупската средина. Во моментов сум во добра форма, играм добар фудбал. Не сакам да лажам, Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот, и уште од дете сонувам да играм за тој клуб. Ќе видиме што ќе донесе иднината, и да останам во Челси, и да заминам во Реал, ќе бидам среќен. Нема да кажам дека останувањето во Челси ќе ме направи несреќен. Ќе треба да се донесе тешка одлука за мојата иднина, во јануари полнам 28 години“ – рече Азар.

Неговиот пријател и репрезентативен колега, Тибо Куртоа, веќе прејде во гигантот од Мадрид, а Азар е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на Челси. Понудата од Челси му е плата од 300 илјади фунти неделно, и како што стојат работите, би ја одбил само ако му се јават од Реал.

Најнови вести