Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.10.2018

Тричковски е повреден, неизвесен е настапот против Лихтенштајн и Ерменија

Иван Тричковски е во топ-форма, но се повреди на вчерашниот меч на АЕК против Ермис и ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да се види дали ќе може да игра против Лихтенштајн

Игор Ангеловски има неочекуван проблем и веројатно нема да може да смета на напаѓачот Иван Тричковски.

Играчот на АЕК Ларнака има повреда на адукторот и остана на дополнителни прегледи на Кипар. Треба да се одреди степенот на повреда за да се одреди дали Иван ќе може да игра против Лихтенштајн и Ерменија.

Тричковски, кој е во одлична гол-форма и речиси сигурно ќе беше стартер против Лихтенштајн и против Ерменија, се повреди на вчерашниот меч меѓу АЕК и Ермис во кипарското првенство.

Освен тој, сите останати репрезентативци пристигнаа во Скопје и ќе тренираат вечерва на првиот тренинг пред дуелот со Лихтенштајн на 13-ти октомври.

 

Најнови вести