Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Крилото на Тотенхем ќе служи војска во Кореја

Само освојување на првото место на Азиските игри може да му донесе избегнување на обврската кон државата

Доколку репрезентацијата на Јужна Кореја (играчи до 23 години) не ја освои титулата на Азиските игри, тогаш фудбалерот на Тотенхем, крилото Сон Хеунг-мин, ќе мора да служи воен рок во својата земја. Корејската ѕвезда, која досега вешто ја избегнуваше обврската, има само уште една шанса и веќе не може поинаку да ги избегне воените закони во родната земја. 
Кореја не игра добро, но е еден од фаворитите на првенството во Индонезија и само ако ја освои титула, играчите ќе избегнат одење во војска. На Светското првенство, Кореја испадна во групната фаза, а сега има добра шанса да ѝ се одолжи на татковината со златен медал од Азиските игри. 
Клубот Тотенхем му дозволи на Сон да игра на ова првенство кое не влегува во календарот на ФИФА, па потребна е дозвола од клубовите за играчите да може да настапат. 
Финалето на Азиските игри е закажано за први септември, па ако Кореја стигне дотаму, Сон нема да се врати во Англија уште десетина дена и ќе треба да пропушти премиерлигашки средби. Во осминафиналето, Кореја во четврток игра тежок меч со Иран.