Шампионатот на Грција е суспендиран на неодредено време од страна на Фудбалскиот сојуз бидејќи му е запалена куќата на претседателот на судиската комисија Јоргос Бикас.
Фудбалскиот сојуз за оваа одлука ги известил ФИФА и УЕФА, а се сомнева дека куќата на Бикас на одморалиштето во Халкидики е уништена при напад на фудбалската мафија. Засега не е познато кога ќе продолжи грчкото првенство, кое доби нов удар поради нефудбалски работи и дивеење на хулиганите. Минатата година, поради тепачки на стадионите, Владата на Грција донесе одлука да се стопира шампионатот, но тој е продолжен по две седмици по предлогот на премиерот Алексис Ципрас.
Поврзани вести