23.10.2011 Симончели загина во „Сепанг“
Италијанскиот мотоциклист Марко Симончели го загуби живот во тежок судир на трката за Големата награда на Малезија на патеката „Сепанг“.
Дваесет и петгодишниот Симончели во вториот круг во еден свиок загуби контрола над неговиот мотор, а потоа на него налетаа и го удрија возачот на Јамаха Тех 3 Колин Едвардс и Валентино Роси на Дукати.
На Симончело од силината на ударот му испадна заштитната кацига и тој остана да лежи неподвижен на асфалтот, и иако медицинскиот тим реагираше брзо, тој им подлегна на повредите по еден час.
Лекарските екипи го префрлија возачот на Сан Карло Хонда Гресини во медицинскиот центар, и иако првите информации беа дека Италијанецот е свесен, сепак неговата состојба била многу лоша затоа што имал скршен ’рбет. Поради тоа трката е откажана, затоа што медицинскиот центар во случај на друга повреда на мотоциклистите на патеката не би можел да интервенира.
По скоро еден час по инцидентот соопштено е дека младиот возач го загуби животот, што е тежок удар за мотоспортот, затоа што прерано замина еден талентиран возач и интересен лик во мотоциклистичкиот шампионат.