Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2016

Шапониќ од Партизан прејде во Бенфика

Досегашниот фудбалер на Партизан, Иван Шапониќ, потпиша договор на пет и пол години со лисабонска Бенфика, соопшти португалскиот клуб.

Бенфика не ги соопшти деталите околу договорот, а белградските медиуми претходните денови шпекулираа дека Партизан за 18-годишниот напаѓач ќе добие 1,5 милиони евра.
Шапониќ оваа сезона одигра 25 натпревари за Партизан и постигна пет голови, а минатата сезона ја освои шампионската титула со црно-белите.
Играше за сите млади селекции на Србија, а со репрезентацијата до 20 години минатото лето го освои Светското првенство во Нов Зеланд.

Најнови вести