Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2011

Локаут и во Грција

Локаутот не ја потресува само НБА-лигата. Одложен е и стартот на сезоната во Грција, и тоа на неодредено време, сè додека челниците на лигата не постигнат договор со саатницата на ТВ-преносите и нивниот профит.

Интересно е тоа што во седумте клубови коишто гласаа за одложување на почетокот на сезоната не се најдоа градските ривали од Атина - Панатинаикос и Олимпијакос.

Со оглед на тоа дека учествуваат во Евролигата, потребни им се натпревари за што побрзо да влезат во натпреварувачки ритам. Дури и менаџерот на тимот на „зелените“, Манос Пападопулос, се закани дека Панатинаикос ќе се приклучи на АБА-лигата.

Најнови вести