Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2015

Тони ја игра својата последна сезона

Поранешниот репрезентативец на Италија, фудбалерот на Верона, Лука Тони, најави дека на крајот на сезоната ќе ја заврши својата кариера.

Тони кој со Италија го освои Светското првенство во 2006 година следниот мај ќе наполни 39 години.
„Мислам дека можеби дојде време да се повлечам, а се надевам дека тоа ќе биде заедно со славењето на опстанокот на Верона во лигата“, изјави Тони.
Тони во текот на својата кариера меѓу останатите екипи играше за Фиорентина, Баерн Минхен, Рома и Јувентус. Минатата сезона заедно со Мауро Икарди беа првите стрелци во Серија А, а истовремено беше и најстариот играч кој успеал во тоа.
Тој во 2006 година беше најдобар стрелец во Европа. Тони од 2004 до 2009 година играше за репрезентацијата на Италија, одигра 47 натпревари и постигна 16 голови.
Верона доживеа пораз од Емполи со 1-0 на домашен терен и се наоѓа на последното место на табелата на италијанското првенство со освоени шест бодови, а има девет помалку од Палермо кој се наоѓа на 17-тото место и е единствениот тим во Серијата А кој е без победа.

Најнови вести