Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Роналдо е магнет за публика, за еден ден продадени сите билети за мечот Верона – Јувентус

Кристијано Роналдо е една од најголемите фудбалски ѕвезди на сите времиња, а Португалецот е вистински магнет за публиката на сите стадиони

Верона ќе му биде домаќин на италијанскиот шампион Јувентус, на 18. август, на стартот од новата сезона во Калчото, а сите билети се распродадени за само 24 часа. Роналдо доаѓа во градот на љубовта и таква шанса да се гледа вистински фудбалски волшебник не се пропушта. Капацитетот на стадионот „Бентегоди“ е нешто н ад 30 илјади места, а сите билети се експресно продадени. Ако се биде в ред, Роналдо ќе го игра првиот официјален меч за Јувентус, откако за сума од 110 милиони евра летово пристигна од редовите на Реал Мадрид.

 

Најнови вести