Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2015

Емануелсон потпиша за Верона

Холандскиот играч за врска Урби Емануелсон ќе ја засили екипата на Верона, потврди италијанскиот прволигаш на својата интернет страница.

Емануелсон во Верона доаѓа како слободен играч откако летово го раскина договорот со Аталанта.
Дваесет и девет годишниот фудбалер може да игра по целата лева страна, а производ е на прочуеното ајаксова младинска школа.
Од холандскиот великан тој дојде во Милан, играше за Фулам и за Рома, додека пак за националниот тим забележа 16 натпревари.
Екипата на Верона се наоѓа на последното 20-то место во италијанската Серија А, со само осум бодови.

Најнови вести