Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2017

Донарума плачеше поради навивачите, Бонучи го тешеше

Навивачите на Милан на натпреварот против Верона истакнаа транспарент упатен кон Џанлуиџи Донарума, голманот на „росонерите“, кој поради тоа се расплака.

Милан вчера ја совлада Верона со 3-0 и се пласира во четврт-финалето на Купот, но сликата на расплаканиот Донарума го обиколи светот.
Пред натпреварот, 18-годишниот голман на „росонерите“ беше поздравен од навивачите на Милан со погрден натпис, на којшто пишуваше:
„Шест милиони годишно и доаѓање на твојот брат-паразит во клубот? Тоа е психолошко насилство! Заминувај, нашето трпение е при крај“.
Донарума тешко ги поднел навредите и пораката, па се расплакал во соблекувалната, каде што го тешеле соиграчите, како капитенот Лонардо Бонучи, а поддршка му дал и тренерот Џенаро Гатузо.
Навивачите на Милан изразиле незадоволство кон голманот по информацијата дека тој му пишал на клубот и тврдел дека потпишал договор под психолошки притисок, како и дека сакал да го напушти Милан како слободен играч.
Донарума летоска го продолжи договорот со Милан, а италијанските медиуми наведуваат дека Рајола и генералниот директор Марко Фазоне работат на излезна клаузула која би требало да изнесува 40 милиони евра, а доколку незадоволството порасне, постои веројатност голманот да си замине уште во јануари.

Најнови вести