Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2015

Пелегрини: Можеби победата не е заслужена

Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговата екипа во средбата против Менхенгладбах имала среќа и дека можеби незаслужено победила.

„Имавме малку среќа. Против Вест хем и Јувентус незаслужено бевме поразени, а сега можеби незаслужено победивме“, изјави Пелегрини.
„Граѓаните“ ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите, откако како гости го совладаа Менхенгладбах (2-1) во второто коло на групата Д.
Победата на англискиот клуб му ја донесе Серхио Агуеро од пенал во 90-тата минута.
Натпреварот го обележаа голем број шанси, главно на фудбалерите на германската екипа, но Џо Харт, голманот на Сити, беше одличен. Тој во првото полувреме го одбрани пеналот што го изведе Рафаел.
„Џо имаше три важни одбрани. Одбрани пенал и потоа, исто така, беше одличен. Неговите настапи се многу важни за нас“, додаде Пелегрини. Сити во наредното коло на Лигата на шампионите ќе ја дочека Севилја.

Најнови вести