Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2015

УЕФА размислува за трето европско натпреварување

Европската фудбалска унија размислува за воведување трето клупско натпреварување, покрај Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

На состанокот на Малта на претставниците на 54-те земји-членки било разговарано за можноста клубовите коишто не успеваат да се пласираат во Лигата на Европа да играат во посебно натпреварување.
Дискусијата за ново натпреварување сè уште е во рана фаза и каква било промена во натпреварувачкиот формат нема да се случи барем до 2018 година, кога истекува сегашниот договор за ТВ-правата.
„Новото натпреварување би им овозможило учество на клубовите коишто никогаш не успеале да дојдат во завршницата на еврокуповите“, изјави Владимир Генинсон, извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Украина, за „Асошијејтед прес“.
Ако се оствари предлогот, ова не би било прв пат во историјата да се играат натпреварувања освен двете најсилни – бидејќи порано се играа Купот на победниците на куповите и Интертото купот.
„Навистина ја поддржуваме оваа идеја, бидејќи тогаш помалите клубови ќе може да играат европски натпреварувања и во септември, октомври, а не да го завршуваат учеството во август“, додаде Генинсон.

Најнови вести