Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2015

Милан го доведе Ромањоли за 25 милиони евра

Милан го ангажираше младиот репрезентативец на Италија, Алесио Ромањоли, за кого на Рома ѝ плати 25 милиони евра.

Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, потврди дека Ромањоли е нов член на „росонерите“ и дека трансферот би можел да чини дополнителни пет милиони евра во зависност од бонусите.
„Алесио ќе биде подложен на медицински прегледи по што ќе потпише повеќегодишен договор“, изјави Галијани за италијанските медиуми.
Милан на тој начин му ја исполни желбата на новиот тренер Синиша Михајловиќ кој инсистирал на играчот со кого соработуваше минатата сезона во Сампдорија.
Ромањоли ја помина младинската школа на Рома, а една сезона мина како позајмен фудбалер во клубот од Џенова. Овој дваесет годишен стопер за младата селекција на Италија има шест настапи.

Најнови вести