Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2015

Лестер го отпушти Пирсон

Иако го спаси тимот од испаѓање од Премиер лигата, Најџел Пирсон доби отказ од местото менаџер на Лестер.

„Лисиците“ со серија од неколку победи во април стигнаа до клучните бодови за опстанок во елитата, а Пирсон беше прогласен за менаџер на месецот, прв пат во кариерата.
Меѓутоа, Лестер сепак се одлучи да го отпушти Пирсон, а како причина за разделбата се истакнати „фундаментални разлики во погледите“.
„Управниот одбор на клубот го препознава успехот кој тимот го постигна со помош на Најџел за време на неговите два мандати во клубот, особено во последните три и пол години. Меѓутоа, стана јасно дека постојат фундаментални разлики во погледите. За жал, клубот верува дека работната врска меѓу Управниот одбор и Најџел веќе не е можна“, стои во соопштението на Лестер.
Сопствениците на клубот, Вичаи и Аијават Сриваданапраба му се заблагодарија на педесет и едногодишниот Пирсон за сè што направил за клубот.
„Сопствениците остануваа потполно посветени на долгорочното развивање и постојано вложување во тимот кој ќе продолжи да биде компетитивен во Премиер лигата. Веруваме дека навивачите ќе сфатат дека сопствениците секогаш работеле во интерес на клубот и неговата долгорочна иднина“, се вели во соопштението.
Со првиот тим до назначување на новиот менаџер ќе работата Крег Шекспир и Стив Волш.

Најнови вести