Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2015

Олимпијакос со Переира по титулата

Грчкиот шампион Олимпијакос го именуваше Витор Переира за нов тренер.

Како што соопшти клубот од Атина, четириесет и шестгодишниот Переира потпишал договор на две и пол години. Португалскиот стручњак на клупата ќе го замени Шпанецот Мичел Гонзалес, кој беше отпуштен во вторникот.
Претседателот на Олимпијакос, Вангелис Маринакис, изјави дека очекува Олимпијакос сезонава да ја освои титулата „по секоја цена“.
Во досегашната кариера Переира ги водел младинските категории на Порто, Санта Клара, Порто и Ал Ахли.
После 16 кола во грчкото првенство Олимпијакос е втор на табелата со еден бод помалку од првопласираниот ПАОК. На пролет ќе игра во Лигата на Европа откако не успеа да се квалификува за нокаут фазата на Лигата на шампионите.


Најнови вести