Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2014

УЕФА: Судијата не го оштети Сити

Европската фудбалска унија соопшти дека судијата Тасос Сидиропулос во извештајот навел дека не му дал жолт картон на погрешен играч на ЦСКА против Манчестер сити.

Преносот на натпреварот во кој ЦСКА Москва го победи Манчестер сити со 2-1 покажа дека Сидиропулос требало да го санкционира Понтус Вернблом поради фаул над Серхио Агеро во 77-мата минута. Но, наместо на Вернблом да му покаже жолт картон, тој го опоменал Сергеј Игнашевич.
Тоа е протолкувано, дури и на официјалната интернет-страница на Сити, како случај на погрешен идентитет.
Но, Сидиропулос изјави дека намерно му дал жолт картон на Игнашевич, а дека не сметал дека Вернблом заслужува да биде опоменат за фаул.
Судијата во своето деби во Лигата на шампионите покажа црвен картон на двајца фудбалери на Сити – на Фернандињо и на Јаја Туре.


Најнови вести