Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2014

Пелегрини: Не ми е јасно

Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека не разбира зошто неговиот тим одигра толку лошо синоќа против ЦСКА Москва.

„Граѓаните“ се поразени од рускиот тим со 2-1 на свој терен, со што им се искомплицира борбата за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Тешко е да се сфати зошто нашите клучни играчи одиграа ваква лоша партија. Со ваква игра не можевме ништо да промениме како и на другите натпревари“, изјави Пелегрини.
Пелегрини посебно е разочаран од играта во првото полувреме.
„Не изгледавме онака како што обично изгледаме. Само еднаш шутнавме кон голот, и тоа беше слободен удар од којшто Јаја даде гол, а од друга страна, примивме два лесни погодоци“, додаде тренерот на „граѓаните“.
На две кола пред крајот на групната фаза, Сити има само два бода, по два помалку од ЦСКА и од Рома.
„Мислам дека не треба да сметате дека сте испаднале од натпреварувањето сè додека за тоа постојат и најмали математички шанси, а тие велат дека сè уште можеме да останеме во натпреварувањето. Сепак, во Премиер лигата мора да се вратиме на нашите добри партии и на нашиот стил на игра“, изјави Пелегрини.
Во следното коло Сити го дочекува Баерн, кој веќе се избори за осминафиналето.

Најнови вести