Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2014

Канаваро го замени Липи во Кина

Фабио Канаваро, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Италија, е именуван за нов тренер на Гвангжу Евергранде.

Канаваро на клупата на Гвангжу ќе го замени Марчело Липи, кој по освојувањето на третата последователна титула во националното првенство, ја презеде улогата технички директор.
Кинескиот клуб на „Твитер“ стави слика од поранешниот дефанзивен играч на Јувентус и Реал Мадрид на аеродромот со порака: „Фабио Канаваро, добредојде во Гвангжу“.
Канаваро за репрезентацијата на Италија одигра 136 натпревари и во 2006 година ја освои светската шампионска титула.
Пред доаѓањето во Кина, работеше како помошен тренер во Ал Ахли од Дубаи, каде што во 2011 ја заврши играчката кариера.

Најнови вести