Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2015

Канаваро нов тренер на Ал-Наср

Ал-Наср, шампионот на Саудиска Арабија, го ангажира легендарниот Италијанец Фабио Канаваро за нов тренер, а тој екипата ќе ја води до крајот на сезоната.

Досегашниот тренер Хорхе да Силва доби отказ поради лошите резултати, откако екипата во првите четири кола забележа една победа, еден пораз и две ремија.
Канаваро, кој има 42 години, како капитен го освои Светското првенство во 2006 година со Италија, додека во клупската кариера играше за: Реал Мадрид, Јувентус, Интер, Парма и Наполи.
Тренерско искуство има само во Ал-Ахли од Дубаи и во Кина, каде што го водеше Гвангжу, кого го напушти летоска.
„Ал-Наср потпиша договор со Фабио Канаваро, кој ќе биде главен тренер до крајот на сезоната. Честитки! Новиот тренер ќе допатува денес. Добредојде во Саудиска Арабија, Фабио Канаваро“, соопшти клубот на социјалните мрежи.