Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2017

Паоло Канаваро се придружи брат му во Кина

Паоло Канаваро, дефанзивниот играч на Сасуоло, денес ја завршува дводецениската фудбалска кариера на активен играч, која во тренерска улога ќе ја продолжи во кинескиот Гвангжу Евергранде.

Триесет и шестгодишниот Паоло како асистент ќе му се придружи на осум години постариот брат Фабио Канаваро, кој е тренер на кинескиот шампион Гвангжу Евергранде.
Помладиот Канаваро копачките ќе ги обеси на клин по денешниот натпревар меѓу Рома и Сасуоло на „Олимпико“.
„Сакам да оставам трага на теренот и надвор од него. Имам големи амбиции, а сакам да му се заблагодарам и на Џорџо Сквинци, претседателот на Сасуоло, кој ми го овозможи сето ова во средината на сезона“, изјави Паоло Канаваро.
Паоло Канаваро кариерата ја почна во Наполи, а потоа играше за Парма и за Верона, па повторно се врати на стадионот „Сан Паоло“, каде што беше од 2006 до 2014 година, кога направи трансфер во Сасуоло.
За Италија играше само во помладите категории, додека славниот брат Фабио беше многу поуспешен - беше светски шампион со „аѕурите“ во 2006 година, а потоа ја освои и Златната топка.
„Односот со Фабио? Немам поминато многу време со него. Повторно сме заедно по многу години“, изјави Паоло и додаде дека едвај чека да почне деловна соработка со братот.