Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2014

Липи се повлекува: Стар сум

По освојувањето на историската четврта титула со Гвангжу Евергранде во Суперлигата на Кина, Марчело Липи, еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот, се повлекува.

Легендарниот Италијанец, кој со Италија во 2006 година беше светски шампион, се одлучи на ваков чекор по ремито со Шандонг Луненг, кое беше доволно за титулата.
„Не можам веќе да се занимавам со тренерска работа, премногу сум стар. Секако, ќе продолжам да се занимавам со фудбалот, но само како технички директор или нешто слично“, изјави 66-годишниот Липи.
Липи најмногу успеси имаше со Јувентус, кого го предводеше во два наврати, освојувајќи го пет пати Скудетото, како и Лигата на шампионите во 1996 година.
Ништо помалку не беше успешен ниту во Евергранде, каде што стигна до три титули и до пехарот наменет за шампионот на Азија.
Него би можело да го замени Фабио Канаваро, кој беше капитен на Мундијалот 2006 година во Германија.

Најнови вести