Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2013

Мурињо на прагот да го изедначи рекордот на Фергусон

Во среда фудбалерите на Реал од Мадрид и на турскиот шампион Галатасарај ќе го одиграат првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампионите. Средбата се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Во тие два четврт-финални натпревари Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, ќе го брка своето седмо полуфинале во кариерата, во Лигата на шампионите, а ако се пласира меѓу четирите најдобри, ќе се изедначи со рекордот кој самостојно во овој момент го држи Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер јунајтед.
Во кариерата Фергусон, секојпат со Јунајтед, играше седум полуфиналиња на Лигата на шампионите. Мурињо засега има шест, а зад тие двајца се Марчело Липи и Мигел Муњос, кои по пет пати ги водеа своите екипи барем до полуфиналето, а со четири досега има неколку тренери, меѓу останатите, Луис Ван Хал, Џовани Трапатони, Отмар Хицфелд, Висенте Дел Боске, Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола...
Мурињо во Лигата на шампионите дебитираше во сезоната 2001/02, а до полуфиналето или понатаму одеше со четири различни екипи (Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид).

Најнови вести