Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2014

Липи: Италијанците нема да ја освојат Лигата на шампионите уште десет години

Марчело Липи, некогашниот селектор на репрезентацијата на Италија, изјави дека во наредните десет години ниедна екипа од Серија А сигурно нема да го освои трофејот во Лигата на шампионите.

„Јувентус има квалитет, што е доволно повторно да го освои првенството, но и понатаму нешто му недостасува да биде успешен во Европа. Генерално гледано, мислам дека некоја екипа од Серија А тешко дека ќе биде шампион на Европа во наредните десет години“, изјави Липи за „Тутоспорт“.
Последен италијански клуб кој ја освои Лигата на шампионите беше Интер во 2010 година, а претходно Милан славеше во 2003 и во 2007 година.
Тренерот на кинескиот Гвангжу коментираше и за евентуалното заминување на Артуро Видал и Пол Погба од Јувентус.
„Не знам дали клубот на крајот на сезоната ќе го напушти Погба или Видал, но знам само дека мојот Јувентус секоја година продава по еден или двајца важни играчи“, додаде Липи.
Липи во текот на богатата тренерска кариера, меѓу останатото, ги водеше и Аталанта, Наполи, Јувентус и Интер, а со „аѕурите“ во 2006 година во Германија стана светски шампион.

Најнови вести