Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2012

Липи тренер на Гуанжу

Иако пред неколку недели демантираше дека потпишал договор, Марчело Липи, очигледно, не успеа да им одолее на богатите Кинези.

Поранешниот тренер на Јувентус и шампион со репрезентацијата на Италија во 2006 година, во Гуанжу ќе заработува десет милиони долари годишно.

Со ова тој ќе стане најплатениот тренер во светот, а задачата ќе му биде со оваа екипа тој да ја одбрани титулата во кинескиот шампионат, како и да ја освои азиската Лига на шампиони.

Липи се надеваше дека ќе седне на клупата на некоја репрезентација, но не успеа да преземе ниту една амбициозна селекција која би му гарантирала пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година.

Најнови вести