Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2014

Пелегрини: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите

Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека верува дека неговиот тим може да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, и покрај лошата позиција во групата Е.

Актуелниот англиски шампион од три натпревари освои само два бода, нема победа и зад водечкиот Баерн Минхен заостанува со седум, а зад второпласираната Рома со два бода пред дуелот со фенерџијата, ЦСКА од Москва.
Средбата меѓу Манчестер сити и ЦСКА се игра вечерва од 20.45 часот на „Етихад“, а во тој термин се сретнуваат и Баерн Минхен и Рома.
„Немаме веќе никаков простор за грешки. Претстојниот натпревар е многу важен, мораме да го добиеме, бидејќи наша цел е освојување на Лигата на шампионите. Мислам дека сме во состојба да го направиме тоа бидејќи имаме добар тим“, изјави Пелегрини.
Чилеанскиот стручњак изјави дека дуелот со ЦСКА не е да се биде или не, но нагласи дека секако е исклучително важен.
„Можеби има пет или шест клубови подобри од нас или на еднакво ниво, но ние сме многу амбициозни и со победнички менталитет веруваме дека можеме да го освоиме трофејот. Ќе видиме што ќе се случи. Ќе настојуваме да ги добиеме двата натпревари на домашен терен, ќе чекаме што ќе направат другите, но сигурен сум дека одлуката за пласман во нокаут фазата ќе падне во последното коло“, додаде Пелегрини.
Популарните „граѓани“ вечерва ќе настапат без повредените Давид Силва, Александар Коларов и Френк Лампард.

Најнови вести