Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2014

Казнети Стеауа, Дебрецин и Марибор

Европската фудбалска унија ги казни Стеауа, Дебрецин и Марибор поради расистички испади на навивачите на тие клубови минатиот месец.

Тие за наредниот натпревар во европските натпреварувања на домашен терен ќе мора да затворат одредени делови на стадионите.
Како што се наведува во одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА, казната против Стеауа стапува на сила утре, кога клубот од Букурешт во реванш-натпреварот од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите против Актобе од Казахстан ќе мора да затвори две трибини на Националната арена.
Стеауа е казнета поради испад на навивач на натпреварот против норвешкиот Стромсгодсет на 23-ти јули.
Унгарскиот Дебрецин на наредниот натпревар ќе мора да го затвори секторот Б поради транспарентот што го покажаа навивачите во текот на натпреварот со Клифтонвил од Северна Ирска.
Според одлуката на УЕФА, словенечкиот Марибор во наредниот европски натпревар ќе мора да го затвори секторот „југ“ поради расистички испади на навивачите на клубот на натпреварот против Зрињски од Босна и Херцеговина.
Дебрецин и Марибор играат реванш-натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите, но се гости.

Најнови вести