Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2014

Перо Антиќ уште една сезона во Атланта

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ ќе продолжи да игра во НБАлигата уште една сезона.

Раководството на Атланта хокс го задржи македонскиот кошаркар во своите редови откако го продолжи договорот со Антиќ на уште една сезона. 
Антиќ лани потпиша договор на една плус уште една година, а неговите добри игри во дебитантската сезона беа препорака за Атланта да го ангажира и за втората година.
Антиќ имаше одлични настапи за Атланта минатата сезона, во која „јастребите“ беа поразени со 3-4 во првата рунда од плејофот од Индијана пејсерс. 
Перо Антиќ во просек играше по 18 минути со седум поени и 4,2 скокови по натпревар.

Најнови вести