Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2014

Мертесакер: Не сте задоволни? Баш ми е гајле

Германскиот фудбалер Пер Мертесакер изјави дека не е важно како играл неговиот тим против Алжир во осминафиналето, туку дека се пласирал во следната фаза.

Германија победи со 2-1 по продолженијата, додека во текот на регуларниот дел резултатот беше 0-0. „Панцирите“ со тоа се пласираа во четврт-финалето и во петок ќе играат против Франција.
Новинарите веднаш по натпреварот му кажале на дефанзивниот играч дека не се задоволни како играл тимот, на што Мертесакер збеснал.
„Баш ми е гајле. Ние сме во четврт-финалето, и само тоа е важно. Што сакате од мене. Верувате ли дека има некои слаби тимови меѓу последните 16? Одигравме 120 минути и се боревме до крајот и заслужено победивме“, изјави играчот на Арсенал.
„Што сакате? Да играме преубаво и да испаднеме? Навистина не ги разбирам ваквите прашања“, додаде Мертесакер.
Капитенот Филип Лам призна дека неговиот тим имал тешка работа против Алжир.
„Знаевме дека задачата ќе биде тешка. Сакаа да дадат сè од себе, и тоа и го направија. И ова е јасно: ако не ги искористите шансите, одите во продолженија. Добро се бранеа, имаа многу играчи во шеснаесетникот и ни ја отежнуваа работата. Не бевме добри во контрите, не се позициониравме добро при нападите и така им дававме шанси“, изјави Лам.

Најнови вести