Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2011

Јан Колер: Ја завршувам кариерата!

Еден од највисоките играчи коишто се занимаваа со најважната споредна работа на светот, Чехот Јан Колер (202 см) објави дека поради повреда на бутниот мускул дефинитивно ќе ја заврши кариерата.

Триесет и осумгодишниот напаѓач во 2009 година ја заврши натпреварувачката кариера како интернационалец, а оттогаш играше за третолигашкиот француски клуб Кан.
Колер е најдобар стрелец на чешката репрезентација на сите времиња со 55 голови на 91 одигран натпревар.
Чешкиот напаѓач првпат се запиша на листата на стрелци во февруари 1999 година, кога го постигна победничкиот гол во пријателскиот меч со Белгија.
Тој играше за Борусија од Дортмунд во периодот од 2001 до 2006 година, а германската титулата ја освои во 2002 година.
Освен за Дортмунд, играше и за Спарта од Прага, Монако, Локерен, Андерлехт, Нирнберг и Крилја Совјетов.

Најнови вести