Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2014

Украинското првенство до крајот без публика

Сите преостанати натпревари од фудбалското првенство на Украина, како и финалето на националниот Куп, ќе бидат одиграни без присуство на навивачите од безбедносни причини.

Оваа одлука е донесена по иницијатива на украинската влада во настојувањето да се избегнат можни судири меѓу украинските и проруските навивачи, пренесуваат медиумите.
„Инцидентите коишто се случија пред и за време на натпреварите на 27-ми април во Харков и на втори мај во Одеса јасно докажуваат дека постои ризик од проблеми“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Украина.
Според медиумите, неколку десетици лица се убиени или ранети за време на одигрувањето на тие натпревари.

Најнови вести