Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2012

Тери нема да игра против Украина

Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Џон Тери, одбранбениот играч на Челзи, ја напушти репрезентацијата поради повреда на глуждот.

Тери се повреди во петокот, на квалификацискиот натпреварот од првото коло на групата Х за пласман на Светското првенство против Молдавија, кој Англија на гостувањето го доби со 5-0.
Од Сојузот порачаа дека Тери се врати во клубот и дека нема да може да му помогне на националниот тим во натпреварот против Украина.
Рој Хоџсон, селекторот на Англија, го врати Тери во репрезентацијата и покрај истрагата на ФА поради сомнение дека на расна основа го навредил Антон Фердинанд, играчот на Квинс парк ренџерс.
Англија утре игра со Украина во средбата од второто коло на квалификациите за Светското првенство 2014 година во Бразил.

Најнови вести