Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2012

Шевченко нов селектор на Украина?

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Украина го повикаа Андриј Шевченко, легендарниот напаѓач на таа земја, што побрзо да го преземе националниот тим.

Челниците сакаат Шевченко да ги продолжи квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.
„Претседателот на сојузот, Андреј Конков одлучи на Шевченко да му ја понуди селекторската функција“, објавено е на сајтот на украинскиот сојуз.
Поранешниот фудбалер на Милан, Челзи и Динамо Киев кариерата ја заврши во јуни оваа година, по елиминацијата на репрезентацијата на Европското првенство во Украина и Полска.
Шевченко на 111 настапи во дресот на Украина постигна 48 голови, а беше прогласен за најдобар играч на Европа во 2004 година.
Репрезентацијата на Украина се наоѓа на претпоследното место во квалификациската група Х, а во септември остана без селектор бидејќи Олег Блохин одлучи да го преземе Динамо од Киев.

Најнови вести