Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2014

Македонија незаслужено загуби во Лвов

Фудбалската репрезентација на Македонија не искористи многу шанси за добар резултат во Лвов и беше поразена и покрај храбрата игра и на крајот беше поразена од Украина со 1-0 во третото квалификациско коло за Евро 2016.

Избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски можат да жалат за пропуштената шанса да постигнат добар резултат против Украинците.
По почетниот притисок на домаќинот, нашата репрезентација од 15 минута па до крајот на првиот дел имаше неколку добри шанси да постигнегол. Јаховиќ излезе очи во очи со Пјатов, а шанси имаа и Абдурахими, Ивановски и Адеми, немавме среќа да го отвориме резултатот.
И кога најмалку се очекуваше, пред самиот крај на натпреварот Сидорчук ја доведе Украина во водство откако до него среќно дојде топката по опасниот продор на Конопљанка.
Украина со пенал го почна вториот дел во 47 минута по стартот на Дамчевски врз Зозуља, но Јармоленко ја погоди пречката на голот на Пачовски. 
По ова домашните направија уште неколку шанси по кои не реализираа, а Македонија врати со шансите на Абдурахими и на Трајковски, но Пјатов со одлични одбрани не дозволи да ситнеме до израмнување.


Најнови вести