Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2013

На Украинците премија од два милиони долари за пласман на СП

Според украинските медиуми, фудбалските репрезентативци, доколку во двата дополнителни квалификациски натпревари против Франција изборат настап на Светското првенство, меѓу себе ќе поделат бонус од два милиони долари.

Украина на 15-ти и 19-ти идниот месец ќе се обиде да избори пласман во Бразил, каде што наредната година ќе се одржи светската смотра на најдобрите репрезентации на светот. Со оглед на тоа дека соперник е Франција, на украинските фудбалери сигурно нема да им недостига мотивација, но и покрај тоа, тамошниот Сојуз одлучи дополнително да ги мотивира со премија од два милиони долари.
Украина квалификациите по групи ги заврши на второто место, веднаш зад Англија, но во ждрепката немаше среќа, па го извлече, како носител, најтешкиот можен соперник, кој не е носител.

Најнови вести