Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2012

Фоменко нов селектор на Украина

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Украина го именуваше 64-годишниот тренер Михаил Фоменко за нов селектор на репрезентацијата.

Фоменко потпиша едногодишен договор, односно до крајот на квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година, со опција соработката да биде продолжена на уште две години.
Тој во текот на тренерската кариера предводеше неколку украински клубови, а најдлабока трага остави во Металист од Харков. Има и селекторско искуство, бидејќи во 1994 година беше на чело на националниот тим на Гвинеја.
Некогашниот фудбалер на Динамо, кој одигра 24 натпревари за репрезентацијата на Советскиот Сојуз, доби предност во однос на многу звучни тренерски имиња, како Швеѓанецот Свен Јоран Ериксон, Англичанецот Хари Реднап, но и легендарниот напаѓач Андриј Шевченко, од неодамна фудбалски пензионер.
Украина беше без селектор од септември, кога Олег Блохин поднесе оставка и ја презеде функцијата тренер на Динамо од Киев.
Во квалификациите за Бразил Украинците се наоѓаат на претпоследното петто место во групата Х, зад Црна Гора, Англија, Полска и Молдавија, само со два бода по три одиграни натпревари.

Најнови вести