Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2014

Одземени три бодови од Нант и доделени на Бастија

Фудбалскиот сојуз на Франција му одзеде три бода на Нант затоа што против Бастија користеше играч кој немаше право на настап.

Нант победи со 2-0 во тој дуел од првото првенствено коло, а трите бодови ѝ се доделени на Бастија.
Францускиот сојуз го казни Нант по жалбата на Бастија дека играл играчот за врска Абдулај Туре, кој требало во таа средба да отслужи суспензија од еден натпревар.
Со тоа Бастија се искачи на десеттото место на табелата на Лига 1 со 36 бодови, додека Нант падна од деветтата на 12-тата позиција.

Најнови вести