Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2014

Ди Карло нов тренер на Ливорно

Италијанскиот фудбалски прволигаш Ливорно потврди дека Доменико ди Карло е нов тренер на клубот, откако по една седмица таа позиција ја отстапи Атилио Пероти.

Ливорно го постави Пероти на местото тренер минатиот понеделник, но тој, наводно, по седум дена ја известил клупската управа да му побара замена. Именувањето на новиот тренер, трет во јануари, го објави претседателот на клубот Алдо Спинели.
„Ливорно довербата за управување на првата екипа ја даде во рацете на Доменико ди Карло.“
Официјалното претставување на 49-годишниот стручњак се одржа синоќа. Ливорно моментно се наоѓа на претпоследното место на првенствената табела на Серија А само со 13 бодови на своето конто.