Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2014

Пероти нов тренер на Ливорно

Италијанскиот фудбалски прволигаш Ливорно за нов тренер го именува Атилио Пероти.

Пероти, кој до вчера ја извршуваше функцијата технички директор, веќе го водеше Ливорно во сезоната 2011/12, но тимот тогаш беше во Серија Б.
Пероти во својот прв натпревар по враќањето ќе го води тимот во сабота, на гостувањето кај Рома.
Ливорно минатата сабота на свој терен убедливо изгуби од Парма (3-0), што беше седми пораз на екипата во последните осум натпревари, па во текот на вчерашниот ден клубот го отпушти тренерот Давиде Никола.
„Сакаме да му се заблагодариме на Никола за посветеноста и професионализмот“, се наведува во соопштението на Ливорно, моментно претпоследната екипа на табелата на Серија А.
Никола минатата сезона го однесе Ливорно од втората во првата италијанска лига.
Ливорно по 19 кола во Серија А се наоѓа во зоната на испаѓање, односно на претпоследното место на табелата со 13 бодови, колку што има и Катанија, која е на самиот крај.