Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2017

Кротоне остана без тренер

Никој не очекуваше дека ќе се случи ова, но изгледа дека нешто се случувало во клубот. Кротоне остана без тренер.

Давиде Никола, човекот кој успеа да го направи невозможното претходната сезона, донел одлука да си замине од местото прв човек на стручниот штаб на Кротоне.
Тој во претходната сезона го надополни неверојатниот број бодови и успеа да остане во Лигата во последните минути на сезоната - во последните седум-осум натпревари освои повеќе бодови од шампионот на Италија, Јувентус.
„Сè е точно, ја донесов својата одлука и не се враќам. Кога ќе кажам нешто, тоа останува така. Тоа е само моја одлука и нема да ја образложам“, изјави Никола за медиумите.
Овој 44-годишен тренер и оваа сезона е сосема солиден со Кротоне, кому целта му е опстанок, иако врза три порази. Кротоне моментно се наоѓа две места над линијата и има два бода.