Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2014

Крај на сезоната за капитенот на Ливорно

Андреа Лучи, капитенот на Ливорно, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, соопшти италијанскиот прволигаш.

„Тестовите покажаа дека Лучи ги скинал вкрстените лигаменти на коленото. Сезоната за него е завршена“, пишува на интернет-страницата на клубот.
Лучи, кој оваа сезона не почна само два натпревари, се повреди на натпреварот против Калјари и теренот го напушти во 31-вата минута.
Ливорно се наоѓа на 17-тото место на табелата на Серија А, само со еден бод над зоната за испаѓање.