Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2012

Откажано 33-тото коло на Серија А, ќе се игра на 25-ти април

Во среда на 25-ти април италијанските фудбалски прволигаши ќе го одработат откажаното 33-тото коло на Серија А што требаше да се игра овој викенд, е одлуката на Италијанскиот фудбалски сојуз.

Во саботата Италијанската фудбалска федерација го откажа комплетниот викенд по трагичната загуба на Пјермарио Моросини, 25-годишниот фудбалер на Ливорно, кој почина од последица на застој на срцето за време на второлигашкото гостување на неговата екипа кај Пескара.
Поради тоа во саботата отпаднаа дуелите меѓу Милан и Џенова, и меѓу Удинезе и Интер, како и преостанатите осум неделни средби.
Комплетната програма ќе се одработи на 25-ти април. Се очекува поради вечерниот термин на возвратниот полуфинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал и Баерн Минхен во Мадрид сите натпревари да бидат одиграни во текот на денот.

Најнови вести