Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2013

Фабијански ќе го пропушти Евертон, се враќаат Росицки и Мертесакер

Арсен Венгер, менаџерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, откри дека полскиот голман Лукаш Фабијански нема да го почне заостанатиот првенствен натпревар против Евертон.

Фабијански во натпреварот против Норвич (победа 3-1) минатиот викенд заработи повреда на ребрата, па поради тоа ќе изостане од првиот тим, од каде го истисна сонародникот Војќех Шченсни.
Добра вест за Венгер е враќањето на Томаш Росицки и Пер Мертесакер за клучниот дуел против „карамелите“. Росицки закрепна од повредата на задниот дел на бутниот мускул, додека Мертесакер ја отслужи суспензијата поради црвениот картон во победата над Вест Бромич.
Арсенал и Евертон се два од четирите клуба кои водат голема борба за третото и четвртото место на првенствената табела, кои во наредната сезона водат во Лигата на шампионите (третото место), односно во квалификациите (четвртото место). Арсенал моментно е трети со четири бодови повеќе од шестопласираниот Евертон, а до крајот на првенството преостануваат уште по шест натпревари за двете екипи.

Најнови вести