Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2013

Герет Бејл ќе биде целосно спремен за Шкотска и Хрватска

Герет Бејл, 23-годишниот фудбалер на Тотенхем и на репрезентацијата на Велс, не би требало да има никакви проблеми при претстојните настапи за својата репрезентација.

Бејл го повреди глуждот во последната првенствена средба против Фулам, а Велс го очекуваат два квалификациски натпревари за Светското првенство во 2014 година. Велшката репрезентација во квалификациската група А на 22-ри март , на „Хемпден парк“ ќе се сретне со Шкотска, а потоа четири дена подоцна ќе ја нагости Хрватска на стадионот „Либерти“ во Свонси.
Според изјавите од велшката репрезентација, Бејл нормално ги извршува сите тренинзи и нема никаков страв за негов настап и полн ангажман, а колку е важен играчот на Тотенхем, подобро кажува податокот дека постигна четири погодоци во четирите последни репрезентативни натпревари. Исто така, тој со 16 погодоци моментно е трет стрелец во англиската Премиер лига.
„Знам многу добро дека сите во шкотската репрезентација се многу нервозни при споменувањето на Бејл. Му се плашат, се плашат да играат против него бидејќи Герет е фантастичен фудбалер кој има баш сè. Брзина, две нозе, дриблинг, шут...“, изјави Џо Ледли, соиграчот на Бејл, инаку фудбалер на Селтик.
Велс со 2-1 ја победи Шкотска како домаќин во првата средба, а на Велшаните тоа им се единствените три бодови по четири квалификациски натпревари.

Најнови вести